Дома Фудбал Репрезентации Меси: Прекрасен крај на сезоната, сега одиме на одмор!

Меси: Прекрасен крај на сезоната, сега одиме на одмор!

Лионел Меси блескаше во победата на репрезентацијата на Аргентина против Естонија со 5:0. Еден од најдобрите играчи во историјата ги постигна сите пет гола за „гаучосите“.

Ова е втор пат во кариерата Meси да постигне пет гола на еден натпревар. Првпат успеа во дресот на Барселона кога на Баер Леверкузен му даде пет гола во победата од 7:1 во натпреварот од Лигата на шампионите во 2021 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меси по мечот не зборуваше многу за својот блескав настап и го стави тимот во преден план.

„Не можевме да замислиме подобар крај на сезоната. Ја освоивме Финалисима, а сега ја победивме Естонија. Благодарност до сите што беа на стадионот во Шпанија и што ни дадоа неверојатна поддршка. Сега одиме на одмор, па ги продолжуваме подготовките за Светското првенство“, изјави Меси.

Аргентина нема пораз три години, нема пораз во серија од 33 натпревари и се издвојува како еден од главните фаворити на Мундијалот во Катар. На Светското првенство Аргентинците ќе бидат во група со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…