Реал Мадрид синоќа го изрежира еден од најголемите пресврти во поновата фудбалска историја и се пласираше во финалето од Лигата на шампиони.
Манчестер Сити имаше преност од два гола до 90-та минута во Мадрид, а потоа Реал за само два минути постигна два гола и го однесе мечот во продолженија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кралевите“ успеаа во продолжението да постигнат и трет гол и се пласираа во финале. Тоа беше големо изненадување, а избезумен останал и Лионел Меси.
Тоа го откри неговиот голем пријател, Серхио Агуеро, кој откри дека додека траел мечот си разменувале пораки.
„После третиот гол на Реал, Лео ми напиша: Ова е некаква шега, ова не е возможно“, откри Агуеро.
Кун ова го откри додека беше вклучен „во живо“, а се вклучи и Карлос Тевез кој искоментира „Луда работа“.