Дома Фудбал Меси повторно испишува историја – После ова ништо нема да биде исто!

Меси повторно испишува историја – После ова ништо нема да биде исто!

Лионел Меси вечерва против Севиља ќе го одигра својот јубилеен 600. официјален натпревар за Барселона и така ќе стане третиот играч во историјата на Каталонците кои го нарпавил тоа.

Само легендарните Чави со 767 и Иниеста со 642 натпревари пред Меси пристигнаа до таа голема бројка.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Тоа е огромна работа, да одиграте толку натпревари за ист клуб и да псотигнете толку голови, како и асистенции. Меси е од огромна важност за овој клуб“, изјави тренерот Ернесто Валверде.

Меси дебитираше за Барселона во 2004. година, а на досегашните 599 натпревари постигна неверојатни 523 гола и рекордни 360 во Ла Лига.

Со Барселона освои осум титули во Ла Лига, пет Купови на Кралевите, шест суперкупови на Шпанија, четири Лига на Шампиони, три суперкупови на Европа и три светски клупски првенства.

Го сметаат за најдобар играч во светот во овој момент, а некои истакнуваат дека е и најдобриот во историјата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…