Дома Фудбал Меси повторно во Барселона, беше на вечера со двајца поранешни соиграчи

Меси повторно во Барселона, беше на вечера со двајца поранешни соиграчи

Лионел Меси ги искористи слободните денови да отпатува во Барселона, Аргентинецот често е во посета на овој град откако замина во Париз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси во Барселона пристигнал неколку часа пред натпреварот помеѓу Барселона и Кадиз, а со сопругата Антонела замина и на вечера. На оваа вечера тој ги повика поранешните соиграчи Жорди Алба и Серхио Бускетс со кои остана во одлични односи.

Заедно со нив беше и еден од помошниците тренери во Барселона. Нивното дружење на социјалните мрежи го објави сопругата на Лео, Антонела.

Инаку, иднината на Меси во Париз не е сигурна, се уште се шпекулира за негово заминување, а Барселона секако се наведува како една од опциите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино многу се зближи со Трамп, сега сака да работи со него и во политиката

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, има предлог претседателот н…