Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси е свесен дека влегува во зрели фудбалски години, па истакна дека сега поседбно треба да внимава на своето тело и здравје.
Меси кој ја доби својата 6-та „Златна копачка“ истакна дека кога сам ќе почувствува дека е потребно ќе каже „доста е“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тешко е бидејќи психолошки сте добри, мислите дека имате 25 години и дека можете да продолжите да ги правите истите работи како и претходно. Но телото владее и има работи кои треба да ги правите повнимателно од претходно. Да се адаптирате на бараниот процес и да се подготвите поинаку за тренинзите и мечевите“.
„Секој проценува до каде може да оди и колку ќе му трае кариерата. Ќе го откријам тоа со текот на времето. Моето тело ќе го одреди тоа, јас ќе бидам првиот што ќе каже, до тука било, не можам повеќе. Со текот на годините, ќе го откријам тоа“, истакна Меси.
? Imperdible charla con Leo en #LaSextadeMessi: "Seré el primero en decir hasta aquí y no puedo más" https://t.co/AmRzeFOobH por @JIGallardo y @Luis_F_Rojo
— MARCA (@marca) October 17, 2019
Новинарите го прашаа Аргентинецот зошто никогаш не сака да се фали самиот себеси, па му беа посочени Кристиано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ како ѕвезди кои постојано се фалат самите себе и ги возвишуваат своите достигнувања.
„Јас не сум таков, претпочитам луѓето да зборуваат, оние кои знаат за фудбалот. Знам кој сум, што направив и што можам да дадам, но тоа го чувам за себе, никогаш нема да го кажам во јавноста. Им оставам на луѓето да даваат мислења. Никогаш не сум сакал да зборувам за самиот себе, ова е колективен спорт и секогаш сакам да зборувам за тимот“, изјави Меси