Лионел Меси го извести раководството на Барселона дека сака веднаш да замине од клубот, па сега го направи првиот чекор кон разделба.
Досега нивната комуникација беше преку факс, но сега Меси направи потег од кој сите се плашеа. Тој не се појави на задолжителниот ПЦР-тест за Ковид-19, што значи дека во понеделник нема да може да се појави на првиот тренинг на клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека ова е ситуација која нема решение. Проблемот е тоа што Жозеп Марија Бартомеу не сака да остане запаметен како претседател кој го продал најдобриот фудбалер во светот, а Меси нема намера да се остане во клубот.
Барселона не престанува само да ги негира желбите и плановите на Меси. Според шпанските медиуми, заради неговото не присуство на задолжителниот тест за корона и извесното недоаѓање на почетокот на подготовките, клубот ќе ја казни легендата со одземање на четвртина од неговата месечна плата.