Помина една година откако Лионел Меси стана играч со најмногу триумфи во историјата на Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси со победата над Бетис дојде до 477-та победа во кариерата, а интересно е дека Аргентинецот нема победа само над два ривали против кој играл со каталонскиот клуб.
Ќе остане запаметено дека првиот е третолигашот Граманет, кога Меси имаше само 17 години. Тој 2004 година аутсајдерот ја исфрли Барселона од Купот со победа од 1:0.
Другиот клуб кој Меси (се уште) не го победил е Наполи. Единствениот досегашен дуел беше во осминафиналето од ЛШ кога во Неапол мечот заврши 1:1.
Реваншот треба да се игра кога ќе продолжи Лигата на шампиони, па Меси ќе има можност да запише победа и против овој клуб.