Иако „Марка“ тврдеше дека Лионел Меси донел одлука да не го продолжи договорот со ПСЖ, сепак ситуацијата изгледа е спротивна.
Имено, денес од престолнината на Франција пристигнуваат информации дека Меси се договорил да стави потпис на нова соработка со ПСЖ до јни 2025 година, нешто што се најавуваше пред почетокот на Светското првенство.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вакви се информациите и од Каталонија, поточно од шпанскиот новинар Алфредо Мартинез. Според неговите најави Меси ќе добие 100 милиони евра за две години, односно по 50 годишно.
Наводно, се е веќе договорено и нема никакви пречки, се чека само официјализацијата која би требало да следи во наредните денови.