Уште пред да испрати официјално барање за трансфер до Барселона, Лионел Меси му се доверил на својот пријател Нејмар дека ќе се пресели во Манчестер Сити.
Ова го тврди бразилскиот новинар на „ЕСПН“, Хорхе Никола. Тој додава дека Меси го поканик Нејмар да му се придружи во Манчестер Сити во тимот на Гвардиола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познато е дека Меси сака да игра заедно со Нејмар и минатото лето тој лично настојуваше да се врати Бразилецот на „Камп Ноу“.
Меѓутоа, во моментов трансферот на Бразилецот изгледа малку веројатен, бидејќи сопственикот на ПСЖ потврди дека ќе ги одбие сите понуди.
Меси се обидува да го раскине договорот со Барселона и како слободен играч да се пресели во Манчестер Сити.
Lionel Messi wants his former Barcelona teammate Neymar to follow his lead and join him at Manchester City. (Source: ESPN Brasil) pic.twitter.com/QzzRluLkeI
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 27, 2020