Барселона минатата сезона беше на добар пат да ја освои Лигата на шампионите, но на крајот сезоната во најелитното европско натпреварување за нив заврши на шокантен начин.
Каталонците во првиот натпревар од полуфиналето на свој терен го победија Ливерпул со 3:0 и изгледаше дека нема да имаат многу проблеми во реваншот, сепак на „Енфилд“ им се случи катастрофа и беа поразени со 4:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сликите кои настанаа во соблекувалната на Барселона после тој натпревар беа неодамна објавени и изгледаа навистина тажно. Наводно, токму после таа средба Меси се обидел да го убеди Нејмар да се врати.
Шпанските медиуми денес објавија дека првата ѕвезда на Барселона испратила порака до својот поранешен соиграч.
„Заедно можеме да ја освоиме Лигата на шампиони. Врати се, јас ќе играм уште две години, потоа ти ќе бидеш главна ѕвезда тука“, гласела пораката која наводно Меси му ја испратил на Нејмар после шоканантниот пораз.
Барса навистиан во текот на летото се обидуваше да го доведе Нејмар и Бразилецот сакаше да се врати меѓутоа Каталонците не успеаа да постигнат договор со ПСЖ.