Валверде ги измеша картите за дуелот од 1/4 финалето во купот, но тоа на крајот му се одби од глава, а „Dairo Gol“ пренесува дека дуелот со Еспањол бил последна прилика за некои фудбалери да се наметнат во играта.
Имено, Лионел Меси и Луис Суарез пред натпреварот биле на вечера, каде што разговарале за играчите кои според нив немаат квалитет за Барса. Наводно се согласиле за петмина фудбалери, тројца настапија против Еспањол и јасно, не се покажале.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во каталонското дерби своето заминување до парафираа Карлос Алена, Денис Суарез и Алеш Видал, додека Аргентинецот и Уругваецот сметаат дека клубот треба да ги продаде и Рафиња, како и Лукас Дињ. Потсетуваме, Барса во текот на зимскиот трансфер период доведе две засилувања, потрошија 160 милиони евра за Кутињо, додека за Мина платија околу 12 милиони евра.
Си замина само Арда Туран, но на повеќегодишна позајмица во редовите на Башакшехир, така да само се ослободија од неговата плата, а ништо не заработија.