Дома Фудбал Останато Меси и другарите го кренаа гласот: Објавија бојкот на медиумите!

Меси и другарите го кренаа гласот: Објавија бојкот на медиумите!

Аргентинската репрезентација со победата над Колумбија ја прекина црната серија од четири натпревари без победа, но жешката атмосфера кај „гаучосите“ не се смирува.

Имено, капитенот и најголема ѕвезда Лионел Меси заедно со останатите репрезентативци објавија бојкот на медиумите поради обвинувањата дека новиот соиграч Езекил Лавеци пушел марихуана во тренинг кампот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Донесовме одлука повеќе да не разговараме со новинарите, а причината е позната. Имаше многу обвинувања и уште повеќе непочитување, а ова што го направивте со Лавеци е многу сериозно. Можиме да трпиме критики поради лошите резултати и лошата игра, но не можеме да трпиме кога се навлегува во приватноста. Доколку сега не го сопреме ова, тогаш тоа никогаш нема да биде направено“, изјави Меси.

Инаку, Лавеци, со остра реакција демантира дека пушел марихуана и најави дека ќе ги тужи медиумите бидејќи написите му наштетиле на улгедот и ги навредиле неговото семејство и неговиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…