Лионел Меси минатото лето ја напушти Барселона и кариерата ја продолжи во Пари Сент Жермен каде потпиша двегодишен договор.
Меси истакна дека главната цел на „светците“ е освојување на трофејот во Лигата на шампиони, а даде и свој коментар за француското првенство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тешко е да се освои ЛШ бидејќи во тој турнир играат најсилните тимови. Таму најмалата грешка може да доведе до елиминација. Сметам дека имаме тим кој може да го освои трофејот, но одлучуваат детали. Не секогаш најсилниот тим победува и треба да бидеме сконцентрирани цело време“, изјави Меси.
„Во последните години француското првенство многу се разви, пред се благодарение на ПСЖ. Клубот ја направи Лига 1 многу популарна во светот. Но сега во секој слпорт тешко е да се победи секој меч, па така и овде“, додаде Аргентинецот.