Барселона во саботата ремизираше 1:1 против Атлетико Мадрид и така ја продолжи низата без пораз оваа сезона.
Двете најголеми ѕвезди, Антоан Гризман и Лео Меси не прикажаа спекталурана партија, но медиумите откриваат дека двајцата имале таен разговор после завршувањето на мечот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веќе од поодамна е познато дека Барселона е заинтересирана за Французинот. Суарез не е повеќе во препознатливата форма, а на Каталонците им треба едно ѕвездено засилување после заминувањето на Нејмар.
„Дон Балон“ тврди дека Меси разговарал со Гризман околу трансферот на „Камп Ноу“ и му соопштил дека има желба да му биде негов соиграч.
Двајцата фудбалер имаат одличен однос, иако се големи ривали на теренот!
Гризман наводно го контактирал Меси во текот на летото и му кажал дека е заинтересиран за трансфер во Барселона, но не сака да го напушти Атлетико додека клубот има забрана за трансфери и не може да донесе адекватна замена.
Французинот наредното лето готово сигурно ќе го напушти Атлетико Мадрид, а Барселона заедно со Манчестер Јунајтед се фаворити за неговиот потпис.