Дома Фудбал Меси знае зошто судијата не го призна ЧИСТИОТ гол

Меси знае зошто судијата не го призна ЧИСТИОТ гол

Фудбалерите на Барселона во дербто на 13. коло од Ла Лига синоќа ремизираа против Валенсија 1:1.

Каталонскиот клуб дури во финишот успеа да дојде до изедначувачкиот гол, кога мрежата на Валенсија за затресе Жорди Алба по одличната асистенција на Меси. Меѓутоа, сигурно дека овој натпревар би бил сосема поинаков доколку судијата го признаеше чистиот гол на Меси од првото полувреме.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веднаш беше јасно дека топката ја помина гол-линијата, но судијата само негираше со раката што ги шокираше играчите на Барселона, но сигурно дека и сите пристутни на „Местала“. По натпреварот, се крена многу прашина околку оваа срамотна одлка, и многумина за виновен го сметаат Реал Мадрид.

Според пишувањето на шпанските медиуми, по натпреварот Меси имал краток разговор со главниот судија во тунелот и јасно му рекол што мисли за неговата голема кражба. Наводно, Аргентинецот му кажал дека знае зошто не го признал голот и дека свесен е дека во сето ова прсти вмешал и Реал Мадрид.

Барселона и понатаму е на првото место со 35 бода, четири повеќе од Валенсија и осум од Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Пред ова коло, Барса во однос на „Кралевите“ имаше десет бода предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…