Барселона го превзема првото место на табелата во Ла Лига со победата над Ваљадолид од 5:1.
Фантастичен натпревар вчера одигра Лионел Меси. Аргентинскиот ас постигна два гола од кои едниот беше мајсторски од слободен удар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После натпреварот директорот на Реал Ваљадолид Давид Еспинар го прокоментира настапот на капитенот на Барселона и заклучи дека тој е како болест за која нема лек.
„Меси е како болест за кој нема лек…Меси е обожавател на Роналдо Назарио, а нашиот претседател кажа дека се воодушевува на Аргентинцот. И Роналдо од овој натпревар беше воодушевен како и сите нас. Сепак останува горк вкуст поради тоа што имаше ваква вечер баш против нас“, изјави Еспинар.
Ќе потсетиме Бразилецот Роналдо е прв човек на Ваљадолид.
„Роналдо беше феномен, импресивен. Осите напаѓачи кои ги видов тој беше најдобар. Беше неверојатен“, изјави Меси пред неколку дена за сегашниот прв човек на Ваљадолид.