Дома Фудбал Меси денес доби уште два трофеи!

Меси денес доби уште два трофеи!

Носителот на „Златната топка“ Лионел Меси ја збогати колекција со уште два важни трофеи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѕвездата на Барселона денес ја доби наградата „Пичичи“ за најдобар голгетер во Примера во сезоната 2018/19, како и наградата „Алфредо ди Стефано“ за најдобар фудбалер минатата сезона на Ла Лига.

Лео ја добива наградата „Пичичи“ по шести пат, а другата награда му се доделува по седми пат на Аргентинецот.

Меси не присуствуваше на денешната церемонија организирана од „Марка“, па наградите му беа донесени во спортскиот центар на Барселона.

Јан Облак беше избран за најдобар голаман во сезоната 2018/19, додека Јаго Аспас ја доби наградата „Телмо Сара“ за најдобар шпански голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ сè уште нема одлука за својата иднина во Милан

40-годишниот играч за врска Лука Модриќ сè уште нема донесено конечна одлука за својата ид…