Објавата на аргентинската ѕвезда Лионел Меси со титулата од Светското првенство ја помина границата од 57 милиони лајкови на Инстаграм.
Со тоа објавата на Меси стана најлајкуваната во историјата на социјалните мрежи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во 2019 година непознато лице го отвори профилот на Инстаграм „world_record_egg Инстаграм профил“ и објави фотографија од јајце. Целта на овој социјален експеримент беше да се надмине објавата на Кајли Џенер од 18 милиони лајкови.
Само една недела подоцна, рекордот беше соборен, а до денес сликата на јајцето собра над 56 милиони лајкови.
Роналдо и Меси пред почетокот на СП, се појавија во реклама за Луј Витон. Таа објава собра 42 милиони лајкови.