Дома Фудбал Меси го прогласи за најдобар на светот, а тој одговори: Не го очекував ова

Меси го прогласи за најдобар на светот, а тој одговори: Не го очекував ова

КРИСТИЈАН РОМЕРО (25) одговори на пофалбите на сонародникот Лионел Меси (36) кој го прогласи за најдобар дефанзивец во светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Ова ќе го паметам засекогаш, не го очекував. Секогаш се трудиш да ја искористиш шансата што ја добиваш.

Соиграчите ме прифатија од првиот ден. Ми веруваат, па се трудам да им вратам на ист начин Среќен сум и благодарен“, изјави Ромеро.

Да потсетиме, по победата на Аргентина против Еквадор (1:0) во јужноамериканските квалификации за СП 2026 година, Меси во изјава за Телемундо откри дека го смета сонародникот Ромеро, член на Тотенхем, за најдобар дефанзивец во светот.

„За мене Ромеро е најдобриот дефанзивец во моментов. Играше одлично и беше играч на натпреварот. Ми се допаѓа што го чува мојот грб. Навикнав воопшто да не гледам зад себе, а тоа е одлично за секој напаѓач“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Играч на Барселона бесен го напушти тренингот по срцепарателните зборови на Флик

Роналд Араухо не е единствениот кој би можел да ја напушти Барселона во наредните денови б…