Дома Фудбал Меси: Го извадив трнот кој ме мачеше со години

Меси: Го извадив трнот кој ме мачеше со години

Аргентина синоќа на Маракана со голот на Ди Марија во 21. минута го победи Бразил со 1:0 во финалето на Копа Америка.

За Аргентинците ова е прв наслов после 1993. година и 15. вкупно, со што се изедначија со досегашниот рекордер Уругвај.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако загуби три финалиња на Копа Америка, Лионел Меси конечно го освои трофејот со репрезентацијата, а беше прогласен и за најдобар играч на турнирот.

„Да го победите Бразил во Бразил во финале? Веројатно Бог го чуваше тој момент за мене. Ова е лудо, чувството е неописливо. Ова е еден од најдобрите денови во мојата кариера. Верував многу во овој тим. Поминавме многу време заедно, целосно одвоени од семејствата и покажавме силен карактер.“ – рече Меси и додаде:

„Мора ова да го искористиме во Катар. Уште од порано им кажав на овие дечки дека се иднината на репрезентацијата, а тие го покажаа на овој турнир. Јас знаев колку се добри, ова е спектакуларна група на играчи. Среќен сум што можам да бидам дел од овој тим. Поминавме импресивни 45 дена.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…