Бразилскиот фудбалер Жуниор Месиас (30) максимално ја користи шансата во екипата на Милан.
Месиас зад себе има тешка приказна. Пред 10 години пристигна во Италија и работеше се што можеше за да го прехрани семејството. Работеше како градежник, потоа доставувач на бела техника, па затоа има приказна како за на филм.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Среќата му се насмевна во 2015 година кога во пониските лиги го откри Енцо Роси и го убеди да се посвети на фудбалот после сите разочарувања во кариерата. Пред две години играше во Серија Ц, а ова лето потпиша за Милан каде што пристигна од Кротоне.
Бројни медиуми ја пренесуваа тажната приказна за неговото минато, а тоа му здосадило.
„Во Милан сум затоа што заслужив. Доста ми е од приказните за бајки и што сум работел за да станам професионалец. Сега сакам само да зборувам за сегашноста и што правам денес“, порача Месиас.
🇧🇷 Junior Messias comemora
— AC Milan BR (@acmilanbr) December 1, 2021
😁 Zlatan Ibrahimovic sorri
❤️ Meu coração fica quentinho#SempreMilan pic.twitter.com/fXY7Frve5Z