Дома Македонски спорт Мери Акиевска донесе четири златни медали од светскиот шампионат во бодибилдинг и фитнес

Мери Акиевска донесе четири златни медали од светскиот шампионат во бодибилдинг и фитнес

Македонската и балканската шампионка, Мери Акиевска донесе дури четири златни медали од 75-тиот светски шампионат во бодибилдинг и фитнес, одржан во шпанскиот град Санта Сузана.

Оваа девојка од Крива Паланка стана светска јуниорска велнес шампионка, апсолутна шампионка во јуниорска конкуренција, светска сениорска велнес шампионка и апсолутна шампионка во сениорска конкуренција!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По тој повод беше организиран прием во Агенцијата за млади и спорт, на кој Акиевска ги презентираше впечатоците од овој огромен успех за македонскиот боди билдинг и фитнес.

Ова беше најголемото светско натпреварување до сега, а македонската химна се слушна дури четири пати. Таа искажа огромна благодарност до Агенцијата за млади и спорт за поддршката без која овие успеси не би биле постигнати.

На Светското првенство учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи. Во силна конкуренција Акиевска постигна неверојатен успех, победувајќи во својата категорија до 163 см висина во јуниорска и сениорска конкуренција и во двете категории освои и победи во апсолутна категорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…