Дома Македонски спорт Мерењата успешно завршени, Димитар Ѓорѓиев вечерва се бори за европска титула! 🎥

Мерењата успешно завршени, Димитар Ѓорѓиев вечерва се бори за европска титула! 🎥

Македонскиот кик-боксер Димитар Ѓорѓиев утре ќе се бори за европска титула против Никола Дробњак и тоа ќе биде главнат борба на евентот во Зворник, Босна и Херцеговина.

Противник на Ѓорѓиев ќе биде домашниот боксер Никола Дробњак. Ѓоргиев и Дробњак ќе се борат за титулата во категоријата „WAKO PRO“ до 81.4 килограми.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дробњак се надева на предноста на домашниот терен, но сигурно дека Ѓоргиев ќе биде мотивиран за нова титула и победа пред гостинската публика.

Во текот на вчерашниот ден беа направени и редовните мерења пред борбите. Можеше да се забележи и спортскиот дух на Дробњак кој се покажа како одличен домаќин и имаше само пофални зборови за нашиот Ѓорѓиев.

Инаку Ѓорѓиев и Дробњак се сретнаа во финалето на Светското првенство во Италија од каде што Димитар се врати со златен медал. Тоа финале Ѓорѓиев го доби со 3:0,

Вечерашниот настан започнува од 20:00 часот, а во живо ќе може да се следи на „Аrena Fight“ каналот. Своја борба на вечерашниот евент има и уште еден Македонец, Бобан Илиоски кој ќе се бори против Борна Манојловиќ. Борбата на Ѓорѓиев е главната на вечерта и ќе биде последна на распоредот.

Фото: Димитар Петковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во терористичкиот напад во Москва била убиена и репрезентативка на Русија

На 22 март во Москва се случи терористички напад во кој според досега собраните информации…