Дома Останати Менаџерот на Кабиб: Мејведер снемува пари, неговите луѓе секоја недела ме молат за борба

Менаџерот на Кабиб: Мејведер снемува пари, неговите луѓе секоја недела ме молат за борба

Meнаџерот на УФЦ Звездата Кабиб Нурмагомедов, Али Абделазиз тврди дека луѓе блиски на боксерот Флојд Мејведер констатно се обидуваат да го убедат да организира борба со неговиот клиент.

Абделазис тврди дека Флојд снемува пари и дека поради тоа сака да се бори против Кабиб.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Му снемува пари. Сериозно ви зборувам, неговите луѓе секоја недела се обидуваат да ме убедат на борба против Кабиб. Ме молат за тој меч, но засега ние не сме заинтересирани“, изјави Абделазис и продолжи:

„Ни следи борба против Дастин Пориер, потоа оди Тони Фергусон, а па би можеле да се бориме против Жоргес Сент Пиер“, истакна менаџерот на Кабиб.

Мејведер на последниот ден од минатата година заработи 10 милиони долари откако во егзгибициска борба го победи кик-боскерот Теншин Насукава.

Познато е дека Мејведер имаше бокс меч со УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор и тогаш лесно го нокаутираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ужас: Одбојкарски тренер двапати cилувал 15-годишно девојче, па се cамоубил

Џејсон Мејсер, 22-годишниот одбојкарски тренер кој е обвинет за силување на една одбојкарк…