Дома Останати Кошарка НБА Мело погоди за победа против шампионот, Никси немоќни против Лејкерси (ВИДЕО)

Мело погоди за победа против шампионот, Никси немоќни против Лејкерси (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа шест натпревари.

Портланд како гостин го побди Торонто со 101:99. Во еден одличен натпревар пресуди ветеранот Кармело Ентони кој го одигра најдобриот натпревар оваа сезона и погоди за победа на Портланд на три секунди пред крајот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рапторси ја контролираа играта во првата четвртина. Имаа плус девет после 12 минути, разликата отиде и на плус 14 во текот на втората четвртина, за домашниот тим на одмор да замине со 10 поени предност, 56:46.

Со оглед на тоа дека Рапторси ја контролираа играта и во продолжението никој не очекуваше дека Портланд ќе дојде до пресврт. Сепак, во супер завршница Портланд дојде до изедначување, па потоа со поените на Мело и до победа. Мело одигра одличен натпревар. Уфрли 28 поени и имаше седум скокови, одлични беа Лилард со 20 поени и девет скокови и Хасан Вајтсајд со 14 поени и 16 скокови. Кај Рапторси Кајл Ловри имаше 24 поени 10 скокови.

Во дуелот на старите ривали помеѓу ЛА Лејкерси и Њујорк Никси немаше многу дилеми кој ќе слави, Никси беа немоќни и Лејкерси во „Стејплс Центарот“ славеа со 117:87.

Леброн Џејмс беше незапирлив за Никси и натпреварот го заврши со 31 поен пет скокови и асистенции. Кај Никси Берет уфрли 19.

НБА резултати:

Кливленд – Детроит 113:115

Торонто – Портланд 99:101

Бруклин – Оклахома 103:111 (после продолжение)

Мемфис – Минесота 119:112

Феникс – Сакраменто 103:114

Лејкерси – Никси 117:87

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…