Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Мексико сака уште еден голем скалп, Бразил пак да ја продолжи традицијата

Мексико сака уште еден голем скалп, Бразил пак да ја продолжи традицијата

Денес продолжуваат возбудувањата на Мундијалот со два осминафинални натпревари, а програмата ќе ја отворат репрезентациите на Бразил и Мексико во 16 часот.

Се очекува натпрварот во Самара да биде интересен и возбудлив бидејќи двете селекции практикуваат напаѓачки фудбал. „Кариоките“ се големи фавороти, не само за овој меч, туку и на целиот турнир, но Мексико веќе го победи светскиот шампион Германија, па се спремаат да земат уште еден голем „скалп“.

Традицијата е на страната на Бразил


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Избраниците на Тите се наоѓаат во фантастична серија од 14 меча без пораз (10 победи и 4 реми). Иако Мундијалот го започнаа со реми против Швајцарија, сепак се консолидираа и со две победи беа победници во групата. Мексиканците пак започнаа со две победи, но на крајот се „провлекоа“ во осминафиналето.

Двете репрезентации се познаваат одлични и веќе имаат одиграно вкупно 40 меча до овој момент. Предноста е на страната на Бразил со 23 победи, 10 порази и 7 ремија. На Светските првенства доминацијата на „кариоките“ е уште поголема, 3 победи и едно реми, а Мексико се уште нема постигнат гол против „кариоките“ со гол разлика 11:0.

Бразил традиционално нема проблем да ја помине осминафиналната фаза. Последен пат отпаднаа во оваа фаза во 1990 година на Мундијалот во Италија. Од друга страна пак Мексико на последните 6 настапи на Мундијалот секогаш отпаѓа во осминафиналето.

Mund

Тите има проблем со повреди

Селекторот на Бразил, Тите се уште не може да смета на повредениот Даглас Коста. Данило и Марсело исто така имаа лесни повреди, но веќе се дел од групата. Сепак, се очекува на бековските позиции денес стартери да бидат Фагнер и Филипе Луис. Во составот на Мексико единствено ќе го нема Хектор Морено, кој е суспендиран за овој меч.

Веројатни состави:

Бразил: Алисон, Фагнер, Тиаго Силва, Миранда, Филипе Луиз, Казимиро, Паулињо, Вилијан, Кутињо, Нејмар, Жесус.

Мексико: Очоа, Лајун, Ајала, Салседо, Галјардо, Ерера, Дос Сантос, Гуардадо, Вела, Лозано, Чичарито.

Според букмејкерите Бразил е голем фаворит во овој меч. Коефицинетот за победа во Coinbet24 изнесува 1.50 за реми 4.10 додека за победа на Мексико коефициентот изнесува 7.00

Предлог тип:

Победа на Бразил @1.50 во Coinbet

Реми на полувреме @2.44 во Coinbet24

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…