Стоперот на англискиот гигант Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер даде интервју за „Би-Би-Си Спорт“ во кое најмногу зборуваше за инцидентот во Грција.
Мегваер беше дел од скандал на островот Миконос. Прво се степал со една група луѓе, а потоа завршил со лисици на рацете поради закани и навреди кон полицијата. Грчкиот суд го прогласи за виновен, но по жалбата која ја испрати фудбалерот пресудата беше поништена. Судењето ќе се одржи во следните две години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Беше чудно да се слушне дека сум осуден. Не можев да поверувам. Ако вие си извините значи дека сте направиле нешто погрешно. Јас не чувствувам дека сум виновен за било што. Жалам што го изложив клубот на вакво нешто, но не направив ништо лошо“.
„Ваква ситуација може да му се случи на било кого и било каде. Многу ме удираа по нозете. Паничев и се чувствував непријатно, се плашев за својот живот. Јас добро знам што се случи таа вечер. Кога зборувам за тоа малку се лутам. Ќе продолжам понатаму затоа што сум ментално доволно силен“, изјави Мегваер.