Дома Фудбал „Мбапе ќе биде подобар од Роналдо, ќе освои повеќе Златни топки“

„Мбапе ќе биде подобар од Роналдо, ќе освои повеќе Златни топки“

Килијан Мбапе еден ден би можел да заигра за Реал Мадрид и да освои повеќе Златни топки од Кристијано Роналдо – барем ако го прашате поранешниот технички директор на Монако, Лус Кампос.

Токму Кампос своевремено го препозна потенцијалот на Мбапе и го донесе во Монако. Лукас Кампос, како и целиот свет е воодушевен од игрите на 20-годишниот Мбапе, а верува дека еден ден ќе заигра и за Реал Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Килијан го представува фудбалот кој сите сакаме да го гледаме, а како врвен фудбалер го гледам во дресот на Реал Мадрид, бидејќи тоа е клубот по негова мерка, клуб во кој сакаат да одат големите играчи.“ – изјави Кампос за Tелефут и додаде:

„Во иднина се замислувам како на Сантијаго Бернабеу уживам кога го гледам шоуто на Мбапе. Денеска тој има поголем придос на играта од Нејмар, а ако ги земеме во предвид неговите години, тој ќе биде подобар од Кристијано Роналдо. Мислам дека ќе освои повеќе Златни топки.“

Инаки, Мбапе оваа сезона игра одлично во дресот на ПСЖ, каде на 19 натпревари во сите натпреварувања постигна 16 погодоци и запиша 10 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…