Дома Фудбал Останато Мбапе чека разврска околу Нејмар, за да донесе одлука

Мбапе чека разврска околу Нејмар, за да донесе одлука

ПСЖ се плаши дека следното лето Сити би можел да чукне на вратата и да го купи Мбапе кој сака да работи со Гвардиола.

Младиот играч има договор до 2022. година, но Леонардо веќе изјави, дека ако не сака да го продолжи договорот тука не може ништо. Тие би морале да го продадат Мбапе за да заработаат на него, односно не смеат да дозволат да влезе во последната година од договорот. Новиот план на сопственикот од Катар е многу одговорно финансиско однесување, ја чека продажбата на Нејмар, за да се избегне опасноста Мбапе да стане проблем.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, доколку Бразилецот се врати во Барселона, би ослободил простор за понуда од соништата, Мбапе ако го прифати новиот договор би заработувал околу милион евра месечно, односно блиску 50 милиони годишно, што би го направило најплатен играч на планетата. Се шпекулира дека таквата понуда не би можела да се одбие, тој наговести дека на крајот од сезоната сака да биде центар на проектот, во Париз или некаде на друго место што би бил сигнал за узбуна меѓу „Светците“.

Решение на ситуацијата околу Нејамр нема, се зборува дека разговорот со Леонардо по враќањето во Париз бил многу непријатен, дека Нејмар би можел да остане, доколку не стигне вистинска понуда. Денеска медиумите шпекулираат дека Реал за Нејмар ќе го понуди Бејл и 90 милиони евра од Реал, но таа приказна нема потврда, Велшанецот е многу поблиску до Кина, а изгледа дека ПСЖ не е особено заинтересиран за него, тие повеќе би го сакале Диабала од Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…