Дома Фудбал Мбапе се огласи: Сонот се остварува📷

Мбапе се огласи: Сонот се остварува📷

Реал Мадрид пред малку официјално потврди дека Килијан Мбапе во наредните пет години ќе го носи „кралскиот“ дрес.

Мбапе доаѓа како слободен агент и од поодамна имаше постигнато договор со Реал Мадрид, а веднаш после официјализацијата се огласи на социјалните мрежи.

Мбапе објави слика од детството во опрема на Реал Мадрид и порача: „Сонот се остварува“.

„Многу сум среќен и горд што сум дел од клубот од моите соништа. Невозможно е да се објасни колку сум среќен и возбуден во моментов. Едвај чекам да ве видам, Мадридисти и ви благодарам за големата поддршка. Сонот станува реалност“, објави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ со необичен подарок за Кејн: Топка што ја раскажува фудбалската историја

Пред дуелот на „Вембли“, Лука Модриќ му ја честиташе „Златната топка“ на Хари Кејн со репл…