Дома Топ вести Мбапе искрено за односот со Нејмар и ривалството со Меси

Мбапе искрено за односот со Нејмар и ривалството со Меси

Килијан Мбапе даде интервју за „Франс Фудбал“ откако беше прогласен за најдобар француски фудбалер во 2019.

Младата ѕвезда на ПСЖ искрено проговори за односот со Нејмар, како и за ривалството со Меси минатата сезона за најдобар стрелец во Европа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Кон крајот на минатата сезона, наместо да кулирам и мирно да го чекам финишот, решив да се надминам себеси. Забелажав дека можам до трофејот за најдобар стрелец во Европа. Но за противник го имав Меси. Јас давам два гола, тој три. Јас давам три, тој четири! Беше толку лудo што морав да му се јавам на Осман Дембеле. Го прашав, „Не е можно, па зар намерно го прави ова? Дали гледа колку погодоци постигнувам јас?“ Ми рече, „Секако дека те следи“, па јас бев поласкан сум што таков играч е свесен за она што го правам“ , истакна Мбапе.

Француските медиуми постојано тврдат дека има голема нетрпеливост помеѓу Нејмар и Мбапе.

„Кога пристигнав во Париз, без никакво сомнение, Нејмар беше суперѕвезда. Потоа тој се повреди и пропушто да биде во добра форма за Светското првенство, па така почнаа приказните за ривалството. Јас уште на првиот тренинг му реков: „Не се грижи, јас не се борам за Златната топка, ниту да го земам твоето место, тука сум да помогнам““, раскажува Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…