Килијан Мбапе често пати е во центарот на вниманието поради неговото заминување од ПСЖ, а и овој преоден рок не е исклучок. Мбапе повторно на големо се поврзува со Реал Мадрид.
Претходно се пишуваше дека Мбапе добил ултиматум од Реал Мадрид до 15-ти јануари да одлучи дали на лето ќе се пресели во Мадрид или во спротивно повеќе овој клуб нема да биде опција за него.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ПСЖ вчера го освои францускиот Суперкуп, а по оваа средба Мбапе зборуваше за својата иднина.
„Не сум донел се уште одлука за мојата иднина. Во 2022 година не знаев што ќе се случи до мај, сега не сакам да одолговлекувам“, изјави Мбапе.