Дома Фудбал Мбапе замина за Мадрид, се очекува да игра

Мбапе замина за Мадрид, се очекува да игра

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе отлета заедно со остатокот од тимот за Мадрид каде утре ќе се игра реваншот од осминафиналето во ЛШ.

Натпреварот против Реал Мадрид ќе се игра утре на „Сантиаго Бернабеу“, а Мбапе беше под знак прашалник поради повреда.

Французинот предвреме го заврши вчерашниот тренинг поради остар старт на Гаје и имаше повреда на глуждот.

Постоеше опасност Мбапе да не може да игра против Реал, но според последните информации, тој најверојатно ќе биде во стартниот состав утре.

Со тимот на ПСЖ отпатува и Серхио Рамос, кој сигурно ќе го пропушти дуелот поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…