ПСЖ вечерва на крилата на Килијан Мбапе го совлада Клуб Бриж во рамките на 3. коло во ЛШ.
Францускиот тим во целост го надигра Бриж и на крајот славеше со високи 5:0, а прва ѕвезда на натпреварот беше Мбапе, кој уште еднаш покажа дека пред него е блескава иднина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мбапе на Бриж успеа да му даде три гола, а освен што го понесе епитетот најдобар играч на натпреварот, на крајот го сруши и рекордот кој претходно беше сопственост на Лео Меси.
Со вечерашниот хет-трик Мбапе успеа да дојде до бројката од 15 погодоци во ЛШ и воедно да стане најмладиот играч на кој тоа му успеало. Претходно рекордот го држеше Аргентинецот, со тоа што тој до тоа достигнување дојде кога имаше 21 година и 289 дена, додека Мбапе има 20 години и 302 дена.
Покрај Мбапе, за ПСЖ вечерва два погодоци постигна Икарди.
Kylian Mbappé is the youngest player in Champions League history to score 15 #UCL goals.
— Squawka Football (@Squawka) October 22, 2019
The player’s record he has broken? Lionel Messi. ? pic.twitter.com/jZF1aIykC2