Килијан Мбапе бил блиску до преселба во Ливерпул, па дури и побарал од шефовите на ПСЖ да го пуштат на „Енфилд“, пренесува еминентниот „Екип“.
Тоа било летото 2022 година кога со месеци имаше шпекулации дека Мбапе ќе се пресели во Реал Мадрид, но на крајот тој изненадувачки реши да го продолжи договорот со „светците“ на две години плус дополнителна сезона со опција за играчот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нему му биле дадени сериозни и цврсти гаранции дека изборот на тимот тоа лето ќе биде амбициозен, а имињата на Бернардо Силва и Роберт Левандовски се споменувале како клучни трансфер цели, што на крајот не се оствари.
Во август Мбапе веќе бил многу разочаран од тоа што се случува, а на „Паркот на принцовите“ од Ливерпул пристигнала понуда вредна 200 милиони евра.
Токму во овој момент капитенот на Франција побарал да биде пуштен во Ливерпул, а „Екип“ додава дека дури и ги договорил личните услови со „црвените“.
Важна точка што треба да се напомене е дека тој имал клаузула во неговиот иден договор со Ливерпул што ќе му овозможи да се пресели во Реал Мадрид потоа без многу потешкотии.