Главна цел на ПСЖ и оваа сезона е триумф во најпрестижното европско натпреварување, Лигата на шампиони.
Најголемата ѕвезда на „светците“ потврди дека планира да ја продолжи кариерата во ПСЖ, но не го смести својот тим меѓу фаворитите за освојување на Лигата на шампиони.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот французин наведе четири клуба кои според него се фаворити за најпрестижниот трофеј, а меѓу нив го нема ПСЖ.
„Оваа сезона Јувентус е меѓу фаворитите за освојување на натпреварувањето заедно со Реал Мадрид, Барселона и Ливерпул. Со Кристиано Роналдо италијанскиот гигант е во добра позиција за освојување на трофејот“, изјави Мбапе.