Дома Топ вести Мбапе во Реал Мадрид… но од 2020 година

Мбапе во Реал Мадрид… но од 2020 година

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе се уште е во плановите на Реал Мадрид, тврдат шпанските медиуми.

„Светците“ готово сигурно ќе успеат да ја задржат 20-годишната суперѕвезда ова лето во своите редови. Меѓутоа, од „Сантиаго Бернабеу“ се надеваат дека следното лето ќе успеат да го купат Мбапе.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Раководството на Реал ќе направи се за да го убеди Мбапе да не потпишува нов договор со ПСЖ. Актуелниот договор му истекува во 2023 година“, пишува весникот „АС“.

Ова лето Реал веќе потроши 300 милиони евра, па од финансиска гледа точка и на „кралевите“ им одговара трансферот да се реализира следната година.

„АС“ тврди дека тоа најверојатно ќе биде рекорден трансфер во фудбалот и ќе чини помеѓу 250 и 300 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…