Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе го посети Камерун, земјата на потекло на неговиот татко.
24-годишниот голгетер на ПСЖ е роден во Париз, а неговиот татко е Камерунец. Одморот пред почетокот на сезоната Мбапе го искористи да го посети Камерун.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во оваа земја Мбапе се сретна со премиерот Џозеф Егуте, но и со познати спортски лица од земјата како што е Френсис Егану, поранешниот УФЦ шампион во тешка категорија.
Исто така Мбапе заигра уличен баскет и со поранешната ѕвезда на Чикаго Булс, Жоаким Ноа, па беше интересно фудбалската ѕвезда да се види во поинакво издание.