Кристијано Роналдо направи голем скандал откако удри аутистично дете и му го скрши телефонот бесен од поразот на неговиот тим против Евертон.
По завршувањето на мечот, Португалецот додека заминуваше кон соблекувалната забележа како момче со мобилен телефон го снима, по што го удри 14-годишното дете по раката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналдо се извини преку Инстаграм и го покани детето да биде негов специјален гостин на натпревар на „Олд Трафорд“, но очигледно дека нема да помине така лесно. Во медиумите се огласи мајката на детеото која истакна дека нејзиниот син е шокиран, како и дека ова било прв натпревар на кој тој присуствувал во живо…
„Мојот син има аутизам, не зна добро да чита. Ова беше првпат да присуствува на фудбалски натпревар. Тој е шокиран од однесувањето на Кристијано и можеби никогаш повторно нема да сака да гледа фудбалски натпревар во живо“.
„Никогаш не е лесно да се контролираат емоциите во тешки ситуации, како оваа сега. Сепак, секогаш мораме да покажуваме почит, трпение и да им даваме пример на младите кои ја сакаат оваа прекрасна игра. Би сакал да се извинам за овој испад и ако е можно, би сакал да го угостам навивачот да гледа натпревар на „Олд Трафорд“, гласеше извинувањето на Роналдо после натпреварот.
Ronaldo assaulted a kid because he lost a game. Crazy pic.twitter.com/2Cr6mYNqT4
— MC (@CrewsMat10) April 9, 2022