Tимот на Мајами продолжува со одличните настапи во плеј-офот во Нба и дојде на само две победи од големото финале откако изминатата ноќ на гости го совлада Бостон со 111:105.
Мајами во доигрувањето се пласираше преку плеј-ин турирот, но сега играат одлично против тимот кој беше фаворит во оваа серија. Во натпревар со неколку пресврти успеаа да слават и да поведат со 2:0. Имаше Бостон и двоцифрена предност од 89:77 на почетокот на последната четвртина, но на крајот сепак останаа без победа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И во овој натпревар Џими Батлер беше предводникот на Мајами со 27 поени, а зад него следеше Кејлеб Мартин со 25 и Бем Адебајо кој дојде на чекор од трипл-дабл со 22 поени, 17 скока и девет асистенции. Во редовите на Бостон, Џејсон Тејтум беше најефикасен со 34 поени, 13 скока и осум асистенции.
Во ноќта која е пред нас Ла Лејкерс ќе игра против Денвер, тука тимот на Јокиќ исто така има 2:0.