Дома Останати Кошарка НБА Мајами немаше сили: Лејкерси се нови шампиони во НБА!

Мајами немаше сили: Лејкерси се нови шампиони во НБА!

Лос Анџелес Лејкерси се нови шампиони во НБА лигата. Во шестиот натпревар од финалето Лејкерси го совладаа Мајами со резултат 106:93 и со вкупни 4:2 во серијата дојдоа до 17. титула во НБА.

Тимот од Лос Анџелес од првата минута го контролираше натпреварот. Леброн повлече на почетокот, а потоа му се приклучија Ентони Дејвис и Рондо. По првата четвртина водеа со 28:20. На отварањето на втората четвртина за првпат Лејкерси стигнаа до двоцифрена разлика, Хит беше целосно разбиен па на полувреме Лејкерси водеа со 28 разлика.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Разликата беше преголема па Мајами никако не успеа да е врати во мечот. Лејкерси без поголеми проблеми ја одржуваа предност и чекореа кон титулата. На крајот конечниот резултат гласеше 106:93.

Лејкерси беа предводени од Леброн кој оствари трипл-дабл од 28 поени, 14 скокови и 10 асистенции, Дејвис удрли 19 поени и додаде 15 скокови. Рондо броеше до 19, а одличен беше и Калдвел-Поп кој имаше 17 поени. Кај Хит Бем Адебајо стигна до 25 поени и 10 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Роналдо го доби Јувентус на суд, ќе добие 19 милиони евра

Кристиано Роналдо го доби судискиот спор против неговиот поранешен клуб Јувентус за неиспл…