Дома Останати Кошарка НБА Мајами ги испрати Бакси дома, Лејкерси до 2:1, Леброн незапирлив ?

Мајами ги испрати Бакси дома, Лејкерси до 2:1, Леброн незапирлив ?

Мајами Хит ги победи Милвоки Бакс со резултат 103:94 и се пласираше во финалето на источната конференција од НБА лигата.

Хит во оваа серија го надигра фаворитот кој немаше решение за нивната играч. Во петтиот натпревар од серијата Мајами славеше со 103:94. Без Јанис Антетокумпо Бакси не можеа до победа. Тимот од Мајами беше подобар и на крајот заслужно стигнаа до финалето на источната конференција каде што ќе играат против подобриот од серијата помеѓу Торонто и Бостон (2:3).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Горан Драгиќ и Џими Батлер постигнаа по 17 поени кај Мајами, а на другата страна Крис Миделтон уфрли 23 поени. Треба да се истакне дека 34 годишниот Марвин Вилијамс по 15 години поминати во НБА одлучи да стави крај на кариерата.

Лос Анџелес Лејкерси ги победија Хјустон Рокетс со 112:102 и поведоа со 2:1 во полуфиналето на Западот. Незапирлив во овој натпревар беше Леброн Џејмс. Леброн натпреварот го заврши со 36 поени, седум скокови и пет асистенции. Ентони Дејвис исто така беше одличен со 26 поени и 15 скокови, Рајон Рондо оствари учинок од 21 поен и девет асистенции. Треба да се спомене и дека за Џејмс ова беше 162 победа во плеј-офот со што стана човек со најмногу победи во доигурвањето во историјата на НБА. Кај Рокетси 33 поени постигна Харден и 30 Вестбрук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Скандалозно однесување: Кошаркар на Милвоки намерно ја фрли топката во публика 🎥

Екипата на Милвоки ја заврши сезоната во НБА лигата со елиминацијата во плеј-офот од Индиј…