По триумфот над Арсенал и демолирањето на Хадершфилд, Манчестер Сити денес гостуваше кај Вулверхемптон, со кој ремизираше 1:1.
Од самиот старт на мечот се виде дека Вулверхемптон е тврд орев за Сити, иако фаворитите уште во 15. минута имаа голема шанса за реализација преку Гундоган чиј удар беше сопрен од Руи Патрисио.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Следното возбудување следеше во 21. минута, кога Хименез погодува, но неговиот гол е поништен поради офсајд позиција. Веќе во следниот напад Сити имаше фантастична прилика, но Агуеро ја погоди само стативата.
Патрисио повторно стапи на сцена откако имаше уште една фантастична одбрана при ударот на Стерлинг. На полувреме потоа се замина со 0:0.
Првиот погодок беше запишан во 57. минута кога Боли на асистенција на Мутињо погоди со глава за водство на домашните, а да не се случи катастрофа, барем за утешен бод и неславно реми се погрижи Лапорте во 69. минута кога беше прецизен за „Граѓаните“.