Дома Фудбал Останато Матуиди: Мбапе има карактер како Ибра и Роналдо!

Матуиди: Мбапе има карактер како Ибра и Роналдо!

Играчот на Јувентус, Блас Матуиди го пофали својот сонародник Килијан Мбапе и го спореди со големите ѕвезди Златан Ибрахимовиќ и Кристиано Роналдо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мбапе е фантастичен играч, но неговиот напредок е благодарение на неговиот карактер. Секој голем играч има силен карактер. Го знам тоа за Ибра, истото го гледам и кај Роналдо. Килијан го има истиот карактер и сигурен сум дека ќе биде голем играч. Тој уште сега е голем и прави неверојатни нешта“, изјави Матуиди.

Франција ќе игра против Холандија во дербито на Лигата на нации.

„Мислам дека треба да се браниме добро. Холандија постигна три гола против Германија. Имаме играчи кои можат да направат разлика. Тие можат да бидат опасни, но ние исто така“, заклучи Матуиди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…