Дома Фудбал Англија Матиќ со признание како ретко кој: Главен и одговорен за дебаклот сум јас (ВИДЕО)

Матиќ со признание како ретко кој: Главен и одговорен за дебаклот сум јас (ВИДЕО)

matic

Немања Матиќ како ретко кој фудбалер направи храбар потег.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Евертон со 4:0, а Немања Матиќ ја превзема вината за дебаклот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентативецот на Србија беше можеби и премногу самокритичен во интервјуто за „Спорт Клуб“ после натпреварот.

„Не беше добро, мило ми е што се вратив после 3-4 натпревари, но мислам дека овој пат можев многу повеќе да направам. Јас сум одговорен за поразот затоа што не игравме добро на средината на теренот. Ќе се обидам да ја поправам формата, можеби паузата од еден месец ја одигра својата улога. Главен и одговорен за овој пораз сум јас“.

Сепак Матиќ се надева дека неговиот тим ќе одигра подобро во дербито со Манчестер Сити во наредното коло. „Црвените ѓаволи“ се уште се во борба за четвртата позиција која води во Лигата на шампионите.

„Ако нашиот однос биде поинаков треба да се надеваме, оваа година победивме во повеќе дерби натпревари. Тие се во одлична форма и се борат за титулата. Во предност се и се фавороти, но ние играме на наш терен. Можеме и до Лигата на шампионите, но ќе повторам пристапот мора да поинаков. Имаме четири натпревари до крајот ако победиме на три од нив можеме да бидеме на посакуваната позиција, но зависиме и од другите“, изјави Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…