Вчера Лионел Меси ја освои „Златната топка“, иако многумина очекуваа дека таа ќе заврши во рацете на Роберт Левандовски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Левандовски имаше фантастична година со Баерн, меѓутоа освои 580 гласови, а Меси 613. Со Баерн Левандовски ги освои сите трофеи освен Лигата на шампионите, додека Меси со Аргентина освои Копа Америка.




Лотар Матеус не е среќен што наградата заврши во рацете на Аргентинецот.
„Доделувањето на оваа награда не ми е јасно и не е фер. Го почитувам Меси и останатите, но никој не заслужи повеќе од Левандовски да биде награден“, порача Матеус.




На вчерашната церемонија Левандовски како за утеха стигна до наградата напаѓач на годината.