Дома Фудбал Италија Матераци објасни зошто го претепал Балотели после мечот со Барса

Матераци објасни зошто го претепал Балотели после мечот со Барса

Марио Балотели и Марко Матераци долги години беа соиграчи во Интер и се големи пријатели, но имало возбудливи денови во нивните заеднички денови во Милано.

Матераци за италијанските медиуми откри за инцидентот кој се случи 2010 година после мечот со Барселона на „Џузепе Меаца“ кога Балотели го фрли дресот, па добил ќотек.

„Добро го истепав тој ден и тоа е вистина. Го сакам Марио, но тој го заслужи тоа. После тоа повторно бевме пријатели, но тогаш направи нешто што не смееше. Да го фрлиш дресот после натпревар и тоа е неопростиво. Во автобусот пред мечот зборуваше дека намерно ќе игра лошо, а јас му ветив дека ќе плати ако го направи тоа“, изјави Матераци.

„Се сеќавам дека кога влезе во игра шутираше од пола терен, а требаше да биде контранапад. Диего Милито беше многу лут на него. После мечот го истепав, а потоа повторно се спријателивме и станавме како браќа“, открива Матераци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…