Дома Фудбал Англија Маск: Се шегував, не го купувам Манчестер Јунајтед

Маск: Се шегував, не го купувам Манчестер Јунајтед

Aмериканскиот милијардер Илон Маск ја разбранува јавноста со објавата дека ќе го купи Манчестер Јунајтед, но од тоа нема да има ништо.

Твитот на Маск дека го купува Манчестер Јунајтед набрзо се рашири помеѓу фановите на „црвените ѓаволи“.

Меѓутоа набрзо потоа со два твита објасни дека станувало збор само за шега.

„Не, тоа беше само шега на твитер. Немам намера да купам ниту еден спортски тим. Но, ако некогаш би купил некој тим тоа би бил Манчестер Јунајтед, тие беа мојот омилен тим како дете“, објасни милијардерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати се противниците на Левски во Лига Европа, Серафимов ќе игра против европски гиганти (Фото)

Денеска беше извлечена ждрепката за лигашката фаза во Лига Европа, по која 36-те учесници …