Дома Фудбал Маскерано ја отвори душата: Сакам да одам во тим каде што ќе бидам важен!

Маскерано ја отвори душата: Сакам да одам во тим каде што ќе бидам важен!

Играчот на Барселона, Хавиер Маскерано ја поврди информацијата дека сака да го напушти „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок.

Аргентинецот јавно призна дека сака да се пресели во тим каде што ќе се важен, иако има договор со Каталонците до 2019 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Уште пред извесно време имав средба со раководството и им кажав како се чувствувам. Никој не е виновен за тоа, едноставно таква е реалноста. Јасно е дека повеќе не сум толку важен за тимот, па сакам да играм за клуб каде што ќе се чувствувам важен“, јасен беше Маскерано.

„Ме загрижува тоа што во последните 11 месеци имав 5 мускулни повреди, и сметам дека се случија поради немање на континуитет. Ќе замимам истиот ден кога ќе почувствувам дека сум терет за клубот“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Агентот на Винисиус Жуниор открива колку европски клубови се заинтересирани да го купат Бразилецот

Шпанскиот новинар Ромен Молина откри на социјалната мрежа X дека агентот на Винисиус Жунио…