Џанлуиџи Буфон одлучи да брани уште две години и тоа во редовите на ПСЖ.
Пари Сен Жермен го доведе Буфон во своите редови, трансферот кој се очекуваше веќе подолго време беше официјализран пред неколку дена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сигурно дека пред само една години никој не ни сонуваше дека вакво нешто може да стане реалност, очекувањата беа Буфон кариерата да ја заврши во Јувентус.
Такви очекувања имал и легендарниот стратег, Марчело Липи.
„Зборував со Буфон во последните 3-4 месеци. Секогаш му кажував тој сам да одлучи и да направи онака како што смета дека е правилно. Јас сакав тој својата кариера да ја заврши во Јувентус, но тоа е лична работа. Кога во прашање е репрезентацијата, мислам дека стави крај“, изјави Липи.